-->
-->
Путин: Утре во Русија ќе биде ден на национална жалост
-->

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека утре во Русија ќе биде ден на национална жалост поради жртвите од терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва.
„Го прогласувам 24 март за ден на национална жалост“, рече Путин во обраќањето до Русите по терористичкиот напад.
Бројот на загинати во терористичкиот напад во концертната салата „Крокус“ во близина на Москва се зголеми на 143, соопшти денеска Кремљ.
Нападот се случи кога неидентификувани маскирани вооружени лица синоќа отворија оган во концертна сала „Крокус“ во Красногорск, административен центар на московската област.
Прес-службата на Кремљ соопшти дека уапсени се 11 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
