-->
-->
Путин: Стадионите од Мундијалот ќе останат за фудбал
-->
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека 12-те стадиони, кои беа користени за време на Светското првенство во фудбал, ќе ја задржат првобитната функција и нема да бидат пренаменети во концертни сали или изложбени простори.
Русија од средината на јуни до средината на јули беше домаќин на Мундијалот, а по завршувањето на натпреварувањата вниманието беше насочено кон инфраструктурата изградена за таа цел и нејзиното одржување.
Путин на состанокот со спортските претставници во Калининград најави финансиска поддршка за сите стадиони во следните пет години со цел да се обезбеди нивно независно работење до 2024 година.
- Се спомнуваа изложби, концерти, туризам и комерцијален простор и сето тоа е во ред. Но, ќе настојуваме да ја оствариме идеалната ситуација, при што секој стадион да има свој тим, а секој тим да има стадион. Во спротивност тоа веќе нема да бидат стадиони, доколку се користат само за други намени, истакна Путин.
Од 12-те стадиони кои се користеа за Мундијалот, шест се нови, а останатите беа реновирани. Путин уште пред да бидат изградени новите стадиони вети дека тие ќе станат домови на фудбалски клубови, а реновираните веќе им припаѓаат на руски прволигаши.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар