Путин со закон забрани давање имиња на деца кои содржат пцовки
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се забранува употреба на пцовки, броеви, знаци за интерпукција, како и имиња на занимања при давање имиња на децата.
Покрај тоа, законот ќе регулира како детето ќе се презива, односно според договорот со таткото и мајката детето ќе го носи презимето на таткото или мајката или и едното и другото споено со тире.
Медиумите во Русија наведуваат дека пред овој закон не постоело ниедно друго ограничување при давање имиња на деца, а државните институции биле обавезни во регистарот да го запишат името кои родителит го дале на своето дете, како тоа и да гласело.
Причината зошто овој закон воопшто е донесен беше случај со едно дете кои родителите планираа да му дадат име BOCIRVR - Биолошки објект на човек од семејството Воронови-Фролови.
Детето се родило на 26 јуни 2002 година, но поради спорот кој се водел околу името, документите ни денес не се издадени на тоа дете.
Најмногу чудни имиња на деца двале граѓани на рускиот главен град - Николај-Никита-Нил, Христамрирадос, Делфин, Април, Принцеза Даниела, Океана, Софија-Сунашце итн.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари