Путин со честитка за празникот: Писменоста дојде кај нас од македонската земја
Втора година по ред големиот празник на сесловенските просветителите се одбележува во услови на пандемија. Денот се чествува скромно, под посебно утврдени здравствени протоколи. Делегацијата на Собранието, членови на кабинетот на Пендаровски и на УКИМ положија венци пред споменикот на патроните на Универзитетот, Светите браќа Кирил и Методиј.
Честитки упати и државниот врв и политичари од позицијата.
Премиерот Зоран Заев преку видео обраќање порача дека описменувањето е основно човеково право на секој граѓанин и никој не смее да биде исклучен од него.
Создавајќи ја првата словенска азбука, Св. Кирил и Методиј на словенските народи им го дале клучот за самоидентификација и самоопределување низ вековите, се вели во честитката упатена од претседателот Пендаровски.
Македонскиот јазик, како и секој друг словенски јазик, е гранка од стеблото засадено од Св. Кирил и Методиј и нивните ученици, меѓу кои и Св. Климент и Св. Наум Охридски. Какви плодови ќе береме зависи од тоа колку ќе вложуваме во нашата македонска гранка од словенското јазично стебло. Тоа е наша должност кон претходните и идните генерации но и наш придонес кон европскиот културен, образовен и цивилизациски простор. Нека ни е за многу години 24 мај – Денот на сесловенските просветители!, напиша Пендаровски ..
Празникот на граѓаните им го честиташе и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Горди сме и неизмерно сме им благодарни, затоа што со златни букви ја запишаа Македонија во европската и светската културна ризница. Имињата на Кирил и Методиј кај секој граѓанин во Македонија будат посебен пиетет, но и аманет дека не смееме да престанеме да веруваме и да се бориме под ова небо, напиша Мицковски.
Честитки пристигаа и од руската амбасада. Денеска во Русија е свечен ден-Денот на словенската писменост, а писменоста дојде как нас токму од македонската земја, се вели во објавата на твитет од Руската амбасада која ја пренесува изјавата од Путин.
Од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи соопштија дека утрово во Рим црковно-државна делегација од земјава се поклони пред гробот на Св Кирил. Со молебенот на гробот во базиликата Св. Климент " чиноначалствуваше митрополитот европски г. Пимен.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар
