Путин: Сите земји треба да се обединат во борбата против корупцијата

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сите земји треба да се обединат во борбата против корупцијата.
- Еден од најсериозните глобални проблеми, кој ги погодува сите земји е корупцијата. Корупцијата ги дестабилизира националните економии, ги крши човековите права, ги поткопува принципите на правосудството, предизвикува тензии во општеството, рече Путин.
Тој во поздравната порака до учесниците на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата, која ја прочита Сергеј Иванов, шеф на кабинетот во Кремљ, додаде дека само со заедничи сили може да се спроведува борбата против оваа опасност, со која се соочуваат сите земји во светот.
- Русија е активно вклучена во меѓународниот дијалог за голем број прашања во борбата против корупцијата и е подготвена да го подели тоа искуство, нагласи Путин.
Ново на Сител
-

Со снимки од пријавите за семејно насилство продолжува судењето против Стојанче Јовановски
-

Мнозинството не ги прифати пакет законите на СДСМ за заштита на животниот стандард на граѓаните
-

Преглед на вестите од светот
-

Заврши втората сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Конфликтите го менуваат туризмот
-

Главна дестинација за прилепчани за Велигден и понатаму е дома, но се зголемува бројот и на оние кои патуваат во странство
-

Штипска модуларна повторно во функција, но со друга намена
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
