Путин: Руската војска подготвува одговор за нападот врз мостот на Крим
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Министерството за одбрана подготвува предлози за руски одговор на нападот што го оштети мостот Керч, што ги поврзува Крим со јужна Русија, за што ја обвини Украина, јави Скај Њуз.
На крајот од средбата со националните и регионалните претставници за проценка на последиците од експлозијата, што беше пренесувана на телевизија, рускиот претседател нападот врз мостот го нарече „суров и бесмислен чин“ – означувајќи го како „терористички акт“, бидејќи, како што тврдеше, мостот со месеци наназад не бил користен за снабдување на руските сили кои се борат во Украина.
-Ќе има одговор од Русија на терористичкиот напад на мостот на Крим, рече тој.
„Министерството за одбрана подготвува релевантни предлози. Она што се случи беше уште еден терористички напад на режимот во Киев, кој немаше логика од воена гледна точка“, наведе рускиот претседател.
Украина официјално не ја презеде одговорноста, но медиумите во земјата соопштија дека украинските безбедносни служби разместиле поморски дронови.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче