Путин: Русија и Иран активно работат на меѓународната сцена, слично ги проценуваат настаните
Русија и Иран активно работат на меѓународната сцена и често имаат слични проценки за настаните, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
Ова е прва средба меѓу двајцата претседатели, јави ТАСС. Путин го покани иранскиот претседател во официјална посета на Русија, што тој со благодарност ја прифати, пренесе агенцијата.
Трендовите во трговската размена меѓу Русија и Иран се добри, трговскиот промет бележи раст, изјави претседателот на Русија.
– Годинава гледаме пораст на трговскиот промет, иако тој не закрепна од минатогодишниот пад, но трендот е добар, рече Путин на средбата со Пезешкијан.
Како што изјави претходно Јуриј Ушаков, помошник на претседателот на Русија, двајцата претседатели ќе разговараат за билатерални прашања, како и за брзото влошување на ситуацијата на Блискиот Исток.
Путин и Пезешкијан се сретнаа во Ашхабад, на маргините на форумот „Поврзаноста на времињата и цивилизациите – основа на мирот и развојот“.
Ново на Сител
-
Марихуана, ловечка пушка и куршуми пронајдени кај жител на Горно Седларце
-
Русија ја нападна Украина со 68 дронови и четири ракети
-
Носел 40 бланко бугарски зелени картони, уапсен Косовец на „Миладиновци“
-
Рокас: Единствена цел ми е да ѝ помогнам на земјава да влезе во ЕУ
-
Земјотрес во Врање, почувствуван и во Куманово
-
Законот за правична застапеност прво на јавна дебата, па на Венецијанска комисија
-
Собраниска делегација на 149. Собрание на Интерпарламентарната унија во Женева
-
Зеленски: Украинската армија цврсто ги држи позициите во регионот Курск