Путин: Русија го суспендираше, но не го заврши своето учество во договорот за извоз на храна
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека неговата земја го суспендирала, но „не го завршила“ учеството во договорот со Украина за извоз на храна преку Црното Море, пренесе Си-Ен-Ен.
Одлуката на Русија дојде како резултат на „создавање закана“ за хуманитарниот коридор, рече Путин на прес-конференција во Сочи по средбата со лидерите на Ерменија и Азербејџан.
Русија во саботата соопшти дека го суспендирала учеството во договорот со Украина со посредство на Обединетите нации, кој се смета за клучен за решавање на глобалниот недостиг на храна.
Москва тогаш соопшти дека го напушта договорот, откако ја обвини Украина за напад со дронови на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година.
Киев на руските обвинувања одговори со тврдење дека Москва измислува „фиктивни терористички напади“ и оти го користи договорот за храна за да „уценува“.
– Целиот процес на извоз на храна од украинска територија беше организиран со цел да се излезе во пресрет на интересите на најсиромашните земји. И тоа го направивме токму во интерес на најсиромашните земји, рече Путин.
Ново на Сител
-
BALFIN AUSTRIA: 100 милиони евра инвестиции
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Се претставил како полицаец и ѝ рекол дека ќерка ѝ прегазила дете, 72-годишна жена измамена за 9.700 евра
-
Работник загина на градилиште во Охрид