Путин пристигна во Владивосток за да учествува на Источниот економски форум

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа пристигна во Владивосток за да учествува на Источниот економски форум, кој се одржува денеска.
„Рускиот претседател ќе има преполна меѓународна програма во пристанишниот град на Далечниот исток на земјата“, рече неговиот помошник Јуриј Ушаков.
Тој прецизираше дека Путин конкретно ќе има средби со кинескиот потпретседател Хан Женг, малезискиот премиер Анвар Ибрахим и српскиот вицепремиер Александар Вулин.
На форумот во Владивосток ќе учествуваат вкупно 6,000 гости од 76 земји, меѓу кои и шефови на 650 руски и 44 странски компании.
Претходно Путин ја посети Монголија каде што разговараше со својот монголски колега Ухнаагиин Хурелсух за продлабочување на економските врски, особено за соработката во енергетиката и транспортот.
Путин не е приведен во Монголија, иако Монголија е членка на Меѓународниот кривичен суд, кој издаде налог за негово апсење.
Ново на Сител
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
-

Нови правила за добивање субвенции: Трипуновски вели парите ќе одат само кај вистинските земјоделци
-

Владата утре под блокада - ССМ бара повисоки плати
-

Се санираат штетите од поплавите – најкритично во Кичево, Гостивар и Сарај
-

Од вечерва нови најави за врнежи од дожд и снег
-

Се засилуваат критериумите за добивање субвенции
-

Вештачка интелигенција во јавниот сектор – дали ќе ги замени работниците?
-

Ниски плати, поттик за егзодус на младите од земјата
