Путин: Причина за пожарот во Кемерово е криминална негрижа
Рускиот претседател Владимир Путин при посетата на Кемерово изјави дека криминалната негрижа е една од причините за пожарот во трговскиот центар „Зимњаја вишња“ (Зимска вишна), при што загинаа над 60 луѓе.
- Што се случи овде, а не беше борбена ситуација или неочекувана експлозја на метан во рудник. Луѓето, децата дошле да се одморат. Зборуваме за демографија и тогаш изгубивме толку луѓе, поради што? Поради криминална негрижа, посочи Путин, при тоа изразувајќи им сочувство на семејствата на жртвите.
Претседавачот на Истражниот комитет Александар Бастрикин на состанокот со кој претседаваше Путин изјави дека не работел противпожарниот апарат во трговскиот центар.
- Противпожарниот апарат не работеше од 19 март и никој не се погрижи за тој проблем. Еден од чуварите во трговскиот центар заборавил на време да го вклучи системот за гласовно предупредување. Не можеме да пронајдеме разумни објаснување, најверојатно воопшто не бил обучен, посочи Бастрикин.
Тој додаде и дека ДНК анализата на 37 жртвите во пожарот би можела да потрае и до две недели.
Пожарот во трговскиот центар во Кемерово што изби на четвртиот кат зафати околу 1.600 метри квадратни, при што загинаа 64 лица, од кои поголемиот број деца.
Ново на Сител
-
Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата
-
Кривична за автомеханичар од Охрид: Вадел исправни делови од автомобили и ги продавал
-
Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Северна Македонија
-
Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата
-
Најмалку 31 загинат при напад на суданската армија врз џамија
-
По апсењето на Мета, средба на Ненси Ван Хорн и министерот Хоџа
-
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје
-
Битолчанец пронашол 10 рачни бомби при чистење на стан