Путин: Обвиненијата за вмешаност во изборите на САД не се поврзани со руската Влада
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не го интересираат тврдењата за руска вмешаност во претседателските избори во САД, бидејќи тоа нема никаква поврзаност со неговата Влада.
Во интервју за американската телевизија Ен Би Си, Путин беше прашан дали ја оправдува интервенцијата на 13 физички и тројца правни лица од Русија споменати во американските обвиненија.
- Тоа воопшто не ме интересира, затоа што тие не ја претставуваат Владата, рече Путин.
Според него, тие луѓе можеби и не се Руси, можеби се „Украинци, Татари, Евреи, но со руско државјанство“.
Тој смета дека тоа треба да се истражи, бидејќи е можно да имаат и двојно државјанство или американски зелени карти. - Можеби се платени од Американци за тоа. Како можете да го знаете тоа. Јас не знам, истакна рускиот претседател во интервјуто.
На прашањето дали Русија би ги екстрадирала обвинетите руски граѓани, тој одговори дека тоа е невозможно, „бидејќи Русија не екстрадира свои граѓани, како што тоа го прави САД“.
Ново на Сител
-
Состанок на министрите за надворешни работи на НАТО
-
Трамп бара итно ослободување на израелските заложници, во спротивно се заканува со „ужасна цена“
-
Руски напад со беспилотно летало ноќеска го остави без струја западниот украински град Тернопил
-
Полска ја најави својата прва мисија на Меѓународната вселенска станица
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со умерена облачност, температурата до 11 степени
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка