Путин нареди руската ударна нуклеарна моќ да се засили во 2017 година
Рускиот претседател Владимир Путин денеска нареди во 2017 година да се засили ударната нуклеарна моќ на Руската Федерација со ракети способни да го совладаат секој противракетен штит од родот на ПРО, што Вашингтон планира да го размести во Источна Европа, пренесоа француските медиуми.
На колегиумот на руското Министерство за одбрана врховниот командант инсистираше војската да се фокусира врз напорите за клучните задачи пред земјата, јави ТАСС.
-Треба да се зацврсти борбениот потенцијал на стратегиските нуклеарни сили, а на прво место со ракетни комплекси, способни гарантирано да ги совладаат постојните и перспективните системи за противракетна одбрана, посебно подвлече Путин.
Место да ги обедини напорите во борбата со меѓународниот тероризам, НАТО ја прогласи Русија за главната закана и продолжува да го зголемува својот воен потенцијал крај нашите граници, забележа рускиот претседател.
- Ни претстои уште многу работа за да ја зацврстиме армијата, но дури и сега Русија е посилна од секој агресор, рече Путин.
Во Европа се разместени над 200 модернизирани американски бомби со нуклеарно полнење - во Белгија, Италија, Холандија, Германија и Турција, изјави пред учесниците на колегиумот рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
-Тоа за Русија создава дополнителни тешкотии, на кои не можеме да не реагираме, истакна Шојгу.
Русија во добра состојба ја оддржува својата нуклеарна тријада - стратегиската авијација, интерконтиненталните балистички ракети и атомските подморници, вооружени со ракети, увери Владимир Путин.
Тријадата „игра клучна улога во зачувувањето на стратегискиот паритет, напомена тој.
Ново на Сител
-
Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај