Путин на 2 февруари во посета на Унгарија
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Унгарија на 2 февруари, каде ќе се сретне со премиерот Виктор Орбан со цел зајакнување на односите меѓу двете земји, соопшти унгарската Влада.
- Двајцата лидери ќе разговараат за општествено-политички и економски прашања, изјави шефот на кабинетот на Орбан, Јанош Лазар.
- 2017 е важна година во надворешната политика и тоа не само поради новиот амрикански претседател или Брекзит. На местото на мултилатералната соработка доаѓа ера на билатерална соработка, нагласи Лазар.
Орбан се смета за еден од главните сојузници на Путин во ЕУ. Во февруари 2015 година тој стана првиот државен и владин лидер од ЕУ, кој го прими Путин по анектирањето на Крим од Русија во 2014 година.
Во 2015 година Орбан ја посети Москва, Тој повика за укинување на санкциите, кои ЕУ ги воведе кон Русија поради Крим.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам