Путин: Конструктивни и важни разговори со Ердоган
Рускиот претседател Владимир Путин како конструктивна ја оцени својата денешна средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пренесе ТАСС.
На прес-конференцијата по разговорите во Константиновскиот дворец во Санкт Петербург, рускиот претседател подвлече дека средбата има многу важно значење за натамошната судбина на односите меѓу Русија и Турција.
- Имавме конструктивен разговор за целиот комплекс од билатерални врски, како и за актуелните меѓународни теми, рече Путин.
Турција ќе му даде статус на стратегиска инвестиција на проектот за АЕЦ Акујо и е подготвена да обезбеди испорака на гас до Европа преку Турски поток, посочи турскиот претседател Ердоган.
Русија,пак, има намера етапно да ги повлекува ограничувањата кон турските компании, дополни Путин.
Анкара на разговорите дала гаранции за безбедноста на руските туристи и Москва ќе размисли за обновување на чартер летовите, истакна рускиот претседател.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом