Путин ја обвини администрацијата на Обама за поткопување на легитимноста на Трамп
Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини администрацијата на Барак Обама дека се обидува да ја поткопа легитимноста на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

- Што има сега во САД? Се гледа внатрешно-политичка борба што трае, независно од тоа дека изборите за претседател завршија со победа на Трамп, изјави Путин на прес конференција со молдавскиот претседател Игор Додон во Москва.
– Во таа борба поставени се неколку задачи и првата е да се поткопа легитимноста на новоизбраниот американски претседател, нагласи тој.
Путин отфрли информации од американски медиуми дека руските тајни служби го шпионирале Трамп и нашле докази за да го уценуваат.
- Тие што распространија лажни тврдења за Трамп се полоши од проститутки, изјави Путин.
Ново на Сител
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
-

43-годишник од с.Шишево пукал во соселанец и го ранил во пределот на главата
-

НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за Украина од 70 милијарди евра
-

Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме со реформите и да испорачуваме врз основа на заслуги
-

Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
-

Мбапе: Сонувам да играм против Роналдо и Нејмар на нивното последно Светско првенство
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти, услугите ќе бидат достапни преку системот „Мој термин“
-

Лабудовиќ од КОСАП: Балканот мора да стане енергетски коридор на Европа, а не периферија на транзицијата
