Свет
14. November 2015 - 9:41

Путин изрази сочуство и солидарност

Рускиот претседател Владимир Путин изрази длабоко сочуство поради монструозните терористички напади во Париз и упати зборови на солидарност со францускиот претседател и целиот француски народ, соопшти портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

- Настаните во Париз се монструозни, Русија го споделува страдањето на Франција, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

- Читам страшни ветси од Париз. Бројот на мртвите во експлозиите и пукањето расте. Земање заложници во театар, за што известуваат медиумите, е монстрозно, напиша Захарова на својот профил на Фејсбук.