Путин испрати војска во Сирија - Ќе ги употреби...
Советот на федерацијата (Горниот дом на рускиот Парламент) денеска го одобри барањето на на рускиот претседател Владимир Путин за употреба на Вооружените сили на Русија во Сирија, јави ТАСС.
- Советот едногласно (со 162 гласа „за“) го поддржа обраќањето на претседателот, истакна шефот на претседателската администрација Сергеј Иванов.
Путин претходно се обрати до Советот со предлог за усвојување на уредба за согласност за користење на контингент на Вооружените сили на Русија надвор од руската територија врз основа на општопризнатите принципи и норми на меѓународното право.
Иванов наведе дека Русија во Сирија ќе ги употреби воздухопловните сили на молба на сирискиот претседател Башар ал Асад против Исламска држава.
Тој посочи дека операцијата на руското воздухопловство има временска рамка, а нема да биде соопштено каков вид на оружје ќе употреби.
- Сите наши партнери и сојузници денеска ќе бидат информирани за донесената одлука, истакна Иванов.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата