Путин има три услови за прекин на војната со Украина
Рускиот претседаетел Владимир Путин во разговор на својот француски колега Емануел Макрдон му рекол дека бара меѓународно признавање на црноморскиот полуостров Крим како руска територија, отстранување на „неонацистите“ од украинската влада и „неутрален статус“ на Украина за да ја заврши офанзивата во соседната земја.
Путин побара „признавање на руска сувереност над Крим, спроведување на демилитаризација и денацификација на украинската држава и гаранција за нејзиниот неутрален статус“, како ислов за каков и да е договор, соопшти Кремљ по телефонскиот разговор меѓу двајцата челницир.
Од Елисејскиот дворед малку претходно соопштија дека францускиот претседател разговарал чес и половина со рускиот претседател и барал од него „веднаш да ги прекина нападите врз цивилите и да се осигураат копнените правци во Украина“, а соговорникот му ја „потврдил својата волја на тоа да се обврзе“.
Елисејскиот дворец, исто така, објави дека Макрон побарал од рускиот колега следните денови да останат во контакт за да се спречи ескалацијата на судирите на што, според соопштението, Путин се согласил.
Црноморскиот полуостров Крим, каде што е историското седиште на руската Црноморска флота, по превратот во Киев во март 2014 година, со два референдума и со мнозинство од над 90 отсто изгласа прво враќање на самостојноста на регионот укината со осамостојувањето на Украина од поранешниот СССР и за присоединување кон Руската Федерација. Москва набрзи потоа изгласа прифање на Крим во составот на федерацијата, а Западот инсистира дека тоа е нелегална руска анексија на украинска територија.
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска