Путин го увери Нетанјаху дека договорот со Иран ќе го зацврсти режимот на неширење на нуклеарното оружје

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска дека е неопходно обединување на напорите во борбата против терористичката група „Исламска држава“, јави ТАСС.
Разговорот се одржал на иницијатива на израелската страна, соопшти прес-службата на Кремљ.
Двајцата лидери детално ја разгледале ситуацијата на Блискиот Исток. Во одговор на загриженоста изразена од Нетанјаху од иранската нуклеарна програма, Путин изразил сомневање дека договорот од Виена предвидува гаранции за исклучително мирната насоченост на иранската нуклеарна програма.
Рускиот лидер изразил уверување дека успешната реализација на договорот ќе го зацврсти режимот на неширењето на нуклеарното оружје и ќе изврши позитивно влијание врз безбедноста и стабилноста на целиот Блиски Исток. нд/16:56
Ново на Сител
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
