Путин го свика рускиот Совет за безбедност за да го информира за разговорот со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин ги информираше постојаните членови на рускиот Совет за безбедност за содржината на неговиот вчерашен разговор со американскиот колега Доналд Трамп, изјави денеска помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
-Вчеравечер, веднаш по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Владимирович Путин ги собра постојаните членови на Советот за безбедност во Кремљ и детално ги информираше за содржината на размената на мислења со неговиот американски колега – рече Ушаков, пренесен од руските медиуми.
За време на синоќешниот телефонски разговор Трамп и Путин се договорија за состанок на високо ниво на нивните делегации, по што двајцата треба да се сретнат во Будимпешта.
-Претседателот Путин и јас ќе се сретнеме на договорена локација во Будимпешта за да видиме дали можеме да ја завршиме оваа неславна војна меѓу Русија и Украина – напиша Трамп на својот профил на Truth Social
Тој изјави дека тој и Путин имале долга дискусија за трговијата меѓу Русија и САД по завршувањето на војната со Украина.
Тој истакна дека Путин му честитал на Трамп за „големото достигнување на мирот“ на Блискиот Исток, за кое „сонувале со векови“.
„Вистински верувам дека успехот на Блискиот Исток ќе помогне во нашите преговори за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина“, рече американскиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
