Путин го потпиша законот за странски агенти

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша денеска контроверзниот закон со кој се овозможува прогласување на новинари и корисници на интернет за „странски агенти“, а кој е критикуван од невладини организации за заштита на човековите права.
Законот кон крајот на минатиот месец е усвоен во Парламентот и веднаш стапува во сила.
Министерството за правда од сега ќе може да ги означи како „странски агенти“ поединците кои работат за медиуми, што се класификувани како „странски агенти“.
Девет невладини организации, меѓу кои се Амнести интернешнал и Репортери без граници, изразиле загриженост дека на мета на законот би можеле да се најдат не само новинари, туку и секој блогер или интернет корисник, кој има финансиска корист од наведените медиуми.
Во новиот закон невладините организации гледаат дополнителна опасност од цензура и закана за слободата на истражување.
– Тоа ќе стане моќно орудие за гушење на опозициските гласови, сметаат невладините организации.
Рускиот закон од 2012 година им овозможува на властите да ги означат како „странски агенти“ оние здруженија кои добиваат пари од странство и имаат „политичка активност“. Во 2017 година тоа е проширено и на медиумите кои работат во Русија.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
