Путин го покани Ван дер Белен да ја посети Москва

Рускиот претседател Владимир Путин го покани својот австриски колега Александар ван дер Белен да присуствува на 75-годишнината од победата во Втората светска војна во Москва.
Путин покани бројни државници на јубилејната прослава во Москва, меѓу кои и српскиот претседател Александар Вучиќ, францускиот Емануел Макрон, американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел.
Австрија во Втората светска војна беше дел од Третиот рајх, чиј водач беше Адолф Хитлер роден во австрискиот град Браунау.
Ван дер Белен и Путин последен пат се сретнаа во Сочи во мај, на состанокот на билатералниот форум за дијалог „Сочи дијалог“.
Ван дер Белен тогаш го покани Путин да биде негов гостин на Фестивалот за култура во Салцбург следната година.
Путин последен пат ја посети Виена во јуни 2018 година кога присуствуваше на одбележувањето на 50-годишнината од потпишувањето на првиот договор за испорака на гас меѓу поранешниот СССР и Европа.
Ново на Сител
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
