Путин го именува Рамзан Кадиров за в.д. претседател на Чеченија
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за именување на Рамзан Кадиров за вршител на должност претседател на Чеченска Република.
- На петти април истекува рокот на овластувањето. Имајќи го предвид направеното во последните години за Чеченците, за жителите на Републиката пред се, а оттаму и за цела Русија, денеска со потпишаниот указ ве назначуван за вршител на должност претседател на Чеченска Република и се надевам дека ќе учествувате на изборите во септември, посочи Путин.
Тој апелираше до раководството на Чеченија да посвети поголемо внимание на почитување на законите на Руската Федерација.
- Потребна е потесна координација и работа со федералните органи на власата за безбедносните прашања. И вие и идните раководители на Републиката треба се да направите за почитување на руските закони во сите сфери на животот, потенцирам во сите сфери, наведе Путин.
Тој додаде дека „Чеченија станала побезопасно место за граѓанините, за жителите на Чеченија, можеби дури побезопасна од другите места на картата на Русија, во голема мерка благодарение на напорите на Кадиров“.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Коцевски
-
На пазарот фалат над 10.000 работници, ССМ апелирира за зголемување на платите
-
Тутунарите не го предаваат тутунот
-
Годинава регистрирани 51 случај со ХИВ/СИДА – Невладините бараат поголем буџет за превенција и терапија
-
Раритетен археолошки наод - Ѕидана гробница од крајот на вториот век
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите