Путин ги осуди обидите за ревидирање на историјата на Втората светска војна
Претседателот на Русија, Владимир Путин во денешниот телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги осуди обидите на Западот за повторно пишување на историјата на Втората светска војна.
Двете страни ја нагласија својата решеност да ја одржат вистината за настаните од Втората светска војна и да се спротивстават на обидите за ревидирање на нејзините резултати и фалсификување на историјата, се наведува во соопштението на Кремљ.
Во телефонскиот разговор било потенциран и „одлучувачкиот придонес на Црвената армија и на советскиот народ како целина во поразот на нацизмот“.
Путин често ги обвинува западните земји за историски ревизионизам и обид да се минимизираат улога на СССР во победата над нацистичка Германија.
За време на Втората светска војна во поранешниот Советски Сојуз загинаа повеќе од 20 милиони луѓе.
Путин и Нетанјаху разговараа и за билатерални прашања и за различните аспекти на ситуацијата на Блиски Исток.
Ново на Сител
-
Филипче веќе лобирал кај Европските сестрински партии да го поддржат извештајот за Македонија
-
Трошановски: Извештајот во ЕП е добра можност евроинтеграциите да се заштитат од бугарските барања
-
Граѓански иницијативи бараат итни законски измени за незавнисните кандидати на локалните избори
-
Кичевчани се жалат на неподнослива смрдеа од запалениот смет
-
Сообраќајни експерти предупредуваат - Експресниот пат Штип-Кочани не е безбеден
-
Преглед на вестите од светот
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио