Путин, Ердоган и Рохани ќе разговараат за иднината на Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Сочи ќе се сретне со својот турски и ирански колега Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани. Средбата е посветена на „долгорочно решение“ на судирот во Сирија.
Средбата е закажана неколку денови пред продолжувањето на мировните преговори во Женева.
Предвидено е Путин, Ердоган и Рохани да разговараат за евентуалниот Конгрес на сирискиот национален дијалог, каде Владата и опозицијата би се сретнале во Русија. Таквиот предлог сириската опозиција го одби, нагласувајќи дека ќе се придржува до женевскиот процес.

Несогласувањата во сите досегашни иницијативи за политичко решение на шестгодишната војна е судбината на сирискиот претседател Башар ал Асад. Заминувањето на Асад од власт за Москва и Техеран би предизвикало хаос во Сирија, додека бунтовниците имаат поддршка од Анкара и од Западот, одбиваат какво било решение што вклучува учество на Асад. Тие го обвинуваат Асад за воени злосторства. Турција е покровител на мировниот процес од Астана, со кои се воспоставени „сигурни зони“ во сириските региони Идлиб и Хомс, во предградието на Дамаск - Источна Гута и во јужниот дел на Сирија.

Фракции на сириската опозиција денеска ќе разговараат во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад за заземање на заеднички став на претстојните преговори во Женева, како и за новиот устав и изборите во Сирија.
Москва годинава седумпати иницираше ппреговори помеѓу претставниците на сириската Влада и опозиција, кои беа фокусирани на воени и технички прашања
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со 400 кV далновод од ТС „Битола 2” првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи
-

АРМ објави оглас за 300 нови војници
-

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата
-

Случај Ивана и Катја: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето
-

До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
-

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција
-

Мицкоски со порака за Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот: Како Влада наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса
-

Балотели: Горд сум што сум Италијанец
