Пуштено во употреба реконструираното игралиште во Карпош 2
Детското игралиште во Карпош 2 по седум дена константна работа на фирмата изведувач „Лапласт М“ е целосно обновено и денеска официјално беше пуштено во употреба.
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски на отворањето рече дека игралиштето е направено во 1992 година и по 25 години е целосно реконструирано и на располагање на најмладите жители на Карпош 1 и Карпош 2.
- Не постои ниту едно детско игралиште на територија на Општина Карпош коешто Општината има намера да го поништи или што било друго да се направи на негово место, затоа што вакви простори има многу малку во нашата општина, односно вклупно 56. Нив ги чуваме и ги браниме за нашите најмали жители. Ние сме прва општина која почна да ги оградува овие детски игралишта и да ги ставаме под клуч, за да ги заштитиме од оние несовесни граѓани коишто, особено во раните утрински часови, доаѓаат и ги оштетуваат реквизитите кои треба да им служат за разонода и релаксација на нашите најмлади жители, рече Јакимовски.
Напомена дека вкупните средства кои се издвојуваат од општинската каса за иградба или реконструкција на сите игралишта во локалната самоуправа се околу 150 илјади евра.
- Ова игралиште, каде што се заменети сите реквизити, поставена е нова ограда и е заменет песокот, локалната самоуправа ја чинеше околу 450 илјади денари, рече Јакимовски.
Во план на Општина Карпош за наредниот период се и реконструкции на детски катчиња на улиците „Букурешка“ во Тафталиџе 1 и „Варшавска“ во Тафталиџе 2.
Ново на Сител
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија