Пуштени во употреба пет мали електрани во Кавадарци
Пет мали електрани на реката Бошава во Кавадарци, изградени со комплетна реконструкција на постоечкиот канал од хидросистемот, со јавно приватно партнерство денеска беа пуштени во употреба.
Заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски нагласи дека овој проект е пример како треба да функционира едно јавно приватно партнерство и најави дека Владата и во иднина ќе продолжи со вакви проекти.
Придонесот на Владата, додаде, е во обезбедување на квалитетно европско законодавство за јавното приватно партнерство, како начин преку кој се реализираше овој проект. Прецизира дека освен електрична енергија со проектот се добиваат и дополнителни количини на вода за пиење и наводнување.
- Во 1957 година бил изграден канал со должина од 26 километри и требало да поминат 60 години за Владата да донесе регулатива и Колектор од Словенија да инвестира 20 милиони евра во реконструкција на каналот Бошава, рече Костадиновски во изјава за медиумите.
Тој додаде дека од големо значење е што се добива електрична енергија од обновливи извори на енергија.
- Со буџетски средства од 200 милиони евра ќе учествуваме во изградба на нови водостопански објекти, но и во реконструкција на постоечки објекти во водостопанската инфраструктура, бидејќи тоа е од огромно значење за земјоделството, за повисоки приноси и конкурентно производство, рече Костадиновски.
Претседателот на Управата на словенечки „Колектор" Радован Болко нагласи дека како резултат на успешниот проект има нови работни места. Посака и други проекти од заеднички интерес.
Државниот секретар во словенечкото Министерство за економија Клемен Потисе кажа дека проектот е пример и резултат на добра соработка, а без соработка и поддршката од македонската Влада, нагласи, овој проект немало да постои.
Директорот на Водостопанство „Тиквеш“ Љубе Димов посочи дека со изградбата на малите електрани ќе се реши и проблемот со вода за пиење во општините Кавадарци и Росоман.
- Водостопанство „Тиквеш” преку јавно приватно партнерство со словенечкиот партнер, приватната фирма „Турбоинштитут”, потпишаа договор за јавно приватно партнерство за реконструкција на хидросистемот „Бошава” и изградба на пет мали централи со максимална инсталирана моќност од 11 мегавати, како и доведување на нова количина на вода за пиење за градот Кавадарци. Со овие нови количини на вода, трајно ќе се реши прашањето со вода за пиење во наредните 30 години за Кавадарци и Росоман, објасни Димов.
Ново на Сител
-
Перински: Партнерството со Унгарија ќе придонесе за унапредување на општинскиот развој
-
Главната железничка станица во Виена повторно е отворена за сообраќај по наводна закана за поставена бомба
-
Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски
-
Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори
-
Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени