-->
-->
Пуштена вода во Оризарско за сеидба на оризот
-->
Со прифаќањето на проточните води од Оризарска река и нивно насочување во нивите на Оризарско поле, денеска и официјално почна пролетната сеидба на оризовата култура.
Одличните временски услови, убавото и сончево време придонесоа голем дел од земјоделците да ги подготват своите ниви за прифаќање на водите и почеток на сеидба на оризот.
- Денеска и официјално ја почнавме годинашната сеидба на оризот во Кочани. Традиционално, на Благовец, најпрво ги зафаќаме проточните води на Оризарска река и ги насочуваме кон нивите во Оризраско поле, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство Кочани.
Од денеска е објавен и редоследот на пуштање вода во нивите од каналската мрежа на Хидртосистемот „Брегалница“ по населените места и водните заедници.
Официјалната сезона на наводнување, според Гоцев, почнува на 14 април, а први вода ќе добијат нивите во атарот на селата Прибачево и Грдовци - Кочанско.
Во акумулацијата Калиманци до денеска се акумлирани 115 милиони метри кубни вода, додека Градче кај Кочани е полна со вода која се користи за интеревентно наводнување на полињата во најсушниот период од годината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест