Пуштен во употреба реконструираниот пат од Охрид до Велестово

Локалниот пат што ги поврзува Охрид и селото Велестово, туристичко место сместено на западниот дел на планината Галичица, денеска е пуштен во употреба. Станува збор за целосна реконструкција на патниот правец во должина од 3,2 километри, инвестиција вредна над 14 милиони денари.
- Станува збор за зафат обезбеден преку проект на Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта при Општина Охрид, за што средствата се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и земјоделството. Патот е проширен, поставен е висококвалитетен асфалт, реконструирани се и банкините на самиот коловоз со што се овозможува движење на поглеми моторни возила, истакна градоначалникот Никола Бакрачески.
Тој нагласи дека патот ќе биде од полза како за локалното население, така и за големиот број граѓани на Охрид но и туристите рекреативци што доаѓаат во Охрид, а сакаат да уживаат во убавините на тој дел од Националниот парк „Галичица“.
- Ова е само континуитет на она што подолго време наназад го правиме во насока на подобрување на условите за живот во руралните средини. Претходно беа целосно реконструирани неколку сервисни улици во селото Косел, патните правци Вапила – Сирула, Елешец – Елшани, како и патниот правец од Горно до Долно Лакочереј, констатираше Бакрачески.
Првиот дел од патниот правец Охрид – Велестово во должина од 900 метри беа реновирани минатата година, преку средства од Агенцијата за патишта при што беше реконструиран коловозот на потегот од Билјанините извори до Управната зграда на Националниот парк „Галичица“.
Во текот на утрешниот ден во употреба ќе биде предаден во употреба и целосно реконструираниот локален патен правец што ги поврзува селата Вапила и Ливоишта.
Ново на Сител
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
-

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи
-

Уапсен гостиварчанец, возел со 3,05 промили алкохол во крвта
