Македонија
16. December 2015 - 18:05

Пуштен во употреба новиот пат во село Непроштено

Градоначалникот на општина Теарце Исен Асани заедно со заменик министерот за транспорт и врски Ниметула Халими денеска го пуштија  во употреба новиот пат во село Непроштено во должина од 2 километри.

- Станува збор за инвестиција на Министерството за транспорт и врски во соработка со локалната самоуправа во износ од 9 милиони денари обезбедени од Европската банка за обнова и развој, изјави заменик министерот Халими.

Градоначалникот Асани посочи дека во ова село спроведени се и други како  изградба на примарна мрежа од водовод низ селото  и воведување на централно греење во основното училиште.

- Сево ова се активности за последните шест години во вкупна вредност од 760 илјади евра, изјави Асани.

Во селото Глоѓи беше промовиран и локалниот пат со должина од 4 километри што ги поврзува селата Теарце, Пршовце и Глоѓи. Средствата за негова изградба се од Министерството за транспорт и врски и јавното претпријатие за државни патишта во висина од 480 илјади евра.

Градоначалникот Асани и заменик министерот Халими посочија дека од општината Теарце  веќе имаат подготвено документи и за инвестиции и проекти што треба да се реализираат со помош на министерството и централната власт воследниот период.