Пуштен во употреба новиот мост кај Соколарци
Со средства од Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите изграден е нов мост кај Соколарци во општина Чешиново - Облешево.
Новиот мост е изграден на местото на стариот којшто беше оштетен за време на поројните дождови во 2015 година. Со ова надминати се заканите по безбедноста на населението за кое овој пат претставува важна и фреквентна комуникациска врска.
- Овој мост е од извонредно значење за жителите на општината Чешиново-Облешево. Решен е децениски проблем на жителите од ова место, бидејќи претходниот мост немаше доволен капацитет да ги пропушти водите од интензивните врнежи, што предизвикуваше излевање на водата од коритото. Сообраќајот често беше во застој, а имаше и критични ситуации кога мораше да се извлекуваат возила заглавени во надојдената вода, изјави градоначалникот на општината Костадин Личков.
Изградбата на мостот почна во мај годинава и за него од страна на Европската унија беа одвоени околу 150 илјади евра.
- Новиот мост е изграден согласно повисоки стандарди, како во однос на квалитетот на градба, така и во однос на пропусната способност, изјави Димитрија Сековски, раководител на Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите.
Покрај изградбата на овој тринаесетметарски мост, градежните работи вклучуваа и проширување и асфалтирање на патот. - На овој начин обновена е главната социјална и економска врска по која се одвива животот, но и локалните бизниси во овој регион, додаде Сековски.
Реконструкцијата на објектот е само дел од неколкумилионската Програма на ЕУ за санација на штетите од поплавите, којашто има за цел да ги поддржи напорите на земјата за обновување на оштетената транспортна и водостопанска инфраструктура во најзасегнатите локалитети на источниот, југоисточниот и пелагонискиот регион.
Програмата ја спроведува УНДП во партнерство со Секретаријатот за европски прашања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и локалните самоуправи на општините на чијашто територија се спроведуваат мерките.
Ново на Сител
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот