-->
-->
Пуштен во употреба новиот булевар "Христијан Тодоровски Карпош" - прв кој од северот на Скопје излегува на Обиколница
-->
Скопскиот градоначалник Шилегов го пушти во употреба првиот булевар кој од северниот дел на Скопје излегува на Обиколницата, "Христијан Тодоровски Карпош".
Станува збор за булевар широк 40 метри, со шест ленти, по три од двете страни. Од двете страни направени се и велосипедски и пешачки патеки.
Според Шилегов, булеварот за двојно ќе го скрати времето на релација од Центар кон населените места на север. Вели дека сега е завршено поврзувањето Север-Југ, од Бихаќка до Бутел.
За изградба на булеварот град Скопје потроши 285 милиони денари или околу 4,5 милиони евра.
Даниел Василев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница
-
Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани
-
МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
-
Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Црвениот крст на Србија собира парична помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани