Бизнис
10. December 2023 - 16:38

Пуштен во пробна употреба гасниот интерконектор Србија-Бугарија

Србија го пушти во пробна употреба гасниот интерконектор Србија-Бугарија. Овој проект е важен за снабдување со гас на источна и централна Србија, но и за источна и централна Европа. Преку овој интерконектор ќе се набавува гас од Азербејџан. За реализација на проектот Србија идвои 15 милиони евра и 7,5 милиони за подготовка и проектирање. Евроспакта Унија додели скоро 50 милиони евра неповратна помош, а Европската  Инвестициска банка 25 милиони евра кредит.

Изградбата на гасоводот во должина од 109 километри од Ниш до Димитров град траеше 12 месеци, а вкупната должина на гасоводот од близина на Софија до Ниш изнесува 170 километри, која беше изградена за помалку од 2 години . Преку овој интерконектор ќе се намали зависноста од руски гас, а претедателот Вучич наајаи дека ќе се гради интерконектор и кон Македонија. Бугарскиот претседател Радев пак изјави дека пуштањето во употреба на гасниот интерконеткор меѓу двете земји ја менува енергетската карта на Европа.