Пукотници на косовско-српската граница
Косовската полиција е нападната денеска на пладне со огнено оружје, додека пуштала патролен чамец во езерото Газивода (Ујман) на границата со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според полициското соопштение, имало околу десет истрели од огнено оружје, при што нема повредени полицајци или други лица.
– Пукотниците беа една по друга, дојдоа од другата страна на езерото и куршумите паднаа во близина на полицискиот чамец, се вели во соопштението на единицата на Полициската станица за надзор на границата.
Веднаш по инцидентот, на местото на настанот пристигнала Единицата за брза интервенција на граничната полиција, а моментно продолжува надзорот на теренот и истрагата за случајот.
– Косовската полиција останува посветена на пружањето безбедност за граѓаните и на борбата против криминалот, посебно во сузбивањето на нелегалната трговија во таа област, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
