Македонија
16. December 2023 - 19:53

Пукна водоводна цевка во Центар- поплавени се улици, објекти и домови

Поради дефект на водоводна цевка со пречник од ФИ 600 милиметри, утрово се поплави улицата „Кеј Димитар Влахов 15“, во населба Центар. Надлежните екипи се на терен и работат на решавање на проблемот.

Освен улицата, поплавени се две куќи и објект, во кој се наоѓа фирма за дистрибуција на медицинска опрема.

За да се санира дефектот на водоводната цевка, екипите од „Водовод“ извршија дренирање на водата, а попладнево веќе пристапија кон санирање на штетата.

Претходно поплавената улица, е повторно проодна и за луѓe и за возила.

Градоначалникот на Центар, за Сител изјави дека и надлежни од општината ќе извршат проверка на поплавените домаќинства, па ќе се направат напори да им помогнат при санирање на штета.

- Поради дефект на цевка, без вода остана централното подрачје на Скопје, а од „Водовод“  гравира цистерна со питка вода низ населените места врз основа на потребите на граѓаните и нивните барања.