Пукање во скопско Батинци, младо момче тешко повредено
Вчера во 13.45 часот во Единица за информации и команда Скопје била добиена пријава дека пред ресторан во с.Батинци има пукање од огнено оружје, при што било повредено едно лице.
Потоа од Градска општа болница „8-ми Септември“ било добиено известување дека кај нив бил донесен повреден Р.А. (35) од с.Батинци со прострелни рани во делот на долните екстремитети и дека над него се врши операција поради сериозност на повредите.
На пукањето му претходела тепачка која започнала внатре во ресторанот и по кратко време продолжила надвор пред ресторанот, каде било пукано во Р.А.
Веднаш по настанот, сторителите побегнале со патничко возило „Ауди А8“. По добиената информација, тим од единицата „Алфа“ го пронашол возилото, на кое биле забележани оштетувања од огнено оружје. На местото на настанот било пронајдено и патничко возило „Пежо“, сопственост на С.А. од с.Батинци. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ прифати укинување на балансерот додека беше на власт
-
Љутков: Нелегално примопредавање на Универзална од Град Скопје на Министерството за култура
-
Заклетва на нова класа питомци во армијата
-
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Со комеморација претседателката Сиљановска-Давкова се прости со Салмонд кој почина во Охрид
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
Нема интерес за згрижување деца
-
ДУИ не се откажува од протести, оценија дека задоцнето се носи новиот закон за правична застапеност