Македонија
26. October 2016 - 13:48

Пукање во Куманово, кривични за сторителите

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ќ.З. (31) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и М.З. (54) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска “предизвикување општа опасност“.

На 12. септември годинава во 08.30 часот во дворот од куќата на М.З. во с. Романовце,  Ќ.З. испукал еден куршум во воздух од пиштол марка „Црвена застава“ калибар 7,62 мм.

Пиштолот бил во сопственост на М.З. и го поседувал со дозвола, а истиот лично му го дал на Ќ.З. откако ставил еден куршум во него.