Македонија
9. August 2015 - 14:32

Пукање од автомобил во движење во Штип, нема повредени

Непознато лице утрово во Штип, околу пет часот, на улицата „Славчо Стојменски“, спроти продавницата „Пако Табако“, од патничко возило непозната марка, во движење, испукало пет куршуми и продолжило во непознат правец.

Случајот го пријавила В.К. еден час подоцна со изјава дека проектил од огнено оружје и ги искршил прозорското стакло и ролетната во дневната соба.