Пукање на црево при дотур на хемикалии допринело за еколошка катастрофа во Штип

Водата во река Брегалница повторно е чиста откако вчера таа имаше млечно бела боја.
Млечно бела концентрирана течност се влеваше од каналот кој што води до просториите односно до халите на поранешниот текстилен комбинат „Македонка“.
Екипи на крим техника од полицијата земаа примероци од хемикалијата за понатамошно испитување.
Во доцните вечерни часови на терен излегоа и претставници од локалната самоуправа како и државниот инспекторат за животна средина. Потрагата по причинителот на загадувањето ги однесе се до ТИР-зона каде што фирма добавувач на хемикалии со цистерна вршела дотур на хемикалија која е потребна за производствениот процес но во еден момент дошло до пукање на цревото при што хемикалијата се излеала најнапред во кругот на фабриката а од таму преку атмосферската канализација се влеала во реката.
Сериозна опасност претставува тоа што излевањето на хемикалијата се случила токму во непосредна близина каде што се наоѓаат бунарите од каде градот се снабдува со вода за пиење.
Се уште не се знае дали се работи за токсична материја а од локалната самоуправа несакаат да шпекулираат се додека не ги добијат резултатите од лабораторијата од Скопје.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
-

Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони на Табановце
-

Четири нови случаи со западнонилска треска во Скопје - бројката на инфицирани достигна 42-ца
-

Пожарот во Мариово се уште критичен, активни се уште 7
-

ДУИ бара предвремени избори
-

Амбасадорскиот совет: ЕУ интеграција, заштита на националните интереси и економска дипломатија
-

И годинава ќе има „училишна кошничка“: Владата ќе го спречува поскапувањето на школскиот прибор
