Пуџдемон: ЕУ е карикатура
- Сменетиот каталонски лидер Карлес Пуџдемон изјави дека Европска унија е „карикатура на тоа што Европа е и тоа што сака да биде“.
Пуџдемон ја критикува ЕУ поради нејзиниот одговор на кризата во Каталонија, поради поддршката од Брисел за Мадрид. Лидерите на многу европски државии, како и главните институции на Унијата застанаа на страната на шпанскиот премиер Маријано Рахој, истакнувајќи дека кризата е внатрешна работа на Шпанија.
За Пуџдемон тоа е предавство на „основните вредности кои довеле до создавање на ЕУ“.
- Што ќе стане ЕУ во рацете на овие лица, посочи Пуџдемон, нагласувајќи дека не сака раководството на ЕУ да ги помеша традиционалните европски вредностии со „нивните политички и економски интереси“.
Претседателот на Европска комисија Жан Клод Јункер претходно ги повика земјите членки на ЕУ да се борат против сепаратистичките тенденции во Европа.
- Национализмите се отров кој ја спречува Европа да работи заедно. Не можеме да седиме со скрстени раце, додека не дојде време да се направи тоа што мора. Велам „не“ на секаков облик на сепаратизам што ја ослабнува Европа и ги проширува постоечките јазови, изјави Јункер во четвртокот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника