Психолошки тестови за заштита на менталното здравје на децата
Неопходно е подигнување на свесноста за важноста на правилната употреба на психолошките тестови во Република Македонија во предучилишното и основното образование, а со тоа и важноста за превенцијата и заштитата на менталното здравје на децата.
Ова беше истакнато на научниот симпозиум за стандардизација на меѓународни психолошки тестови на тема: „Употреба на психолошки тестови во областа на предучилишно и основно образование во функција на унапредување на менталното здравје на децата во Република Македонија“, кој се одржува денеска во Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања во Скопје.
Симпозиумот го организира психолошката лабораторија при Институтот и е дел од циклусот презентации наречен „Научна среда“, кој се спроведува од неговото постоење.
- За да можеме да зборување заштита на менталното здравје мора да почнеме од нашите основни алатки, а тоа се психолошките тестови. За жал немаме тестови и затоа го покренуваме целиот овој процес на една стандардизација и културна адаптација на тестовите пред се меѓународните тестови што се употребуваат во странство, истакна проф. Елеонора Серафимовска од Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања.
Таа посочи дека во втората сесија нивните психолози ќе разговараат за тоа да се направи цел сет тестови кои ќе треба да се употребуваат во предучилишното и основното образование. Додаде дека симпозиумот ќе биде прв чекор во стандардизација на основните инструменти со кои ќе се мери менталното здравје, а ќе работат на негова заштита.
- Улогата на нас психолозите во училиштата е многу важна. Психолозите се чувари на менталното здравје на учениците и наставниот кадар, рече претседателот на Комората на психолози на Република Македонија, Мирјана Јовановска Стојановска.
Таа појасни дека во Република Македонија не постојат стандардизирани алатки кои би ги користеле училишните психолози.
- Ваквата состојба е алармантна. Наша должност е да укажеме на надлежните органи дека потребата од психолошки алатки и нивно стандардизирање е во корист на превенција и одржување на менталното здравје на учениците. Грижејќи се за менталното здравје на учениците ние се грижиме за нашата и нивната иднина, додаде Јовановска Стојановска.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци