Свет
9. April 2021 - 9:11

Псаки: САД разговараат со сојузниците за прераспоредувањето на руски трупи во близина на Украина

Белата куќа синоќа соопшти дека САД се загрижени поради ескалацијата на агресија во Украина.
 
Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки изјави дека Вашингтон разговара за движењето на руските сили во близина на Украина со земјите-членки на НАТО.
 
– Русија сега има повеќе трупи на границата со Украина од кој било друг период од 2014 година, истакна Псаки алудирајќи на периодот на анексијата на Крим.
 
Таа не прецизира колкав број на руски војници се распоредени на границата на Украина.