ПС на ОБСЕ: Да се гледа и на хуманитарниот аспект на мигрантската криза
Ефикасното справување со проблемот на миграцијата е можно преку заемна соработка и координиран пристап на сите земји. Притоа, покрај на безбедносниот, треба да се стави акцент и на хуманитарниот аспект на кризата, бидејќи, мигрантите се пред се луѓе. Ова се дел од ставовите на учесниците на денешната сесија „Подобрување на управувањето со меѓународната миграција врз основа на човековите права“ со која завршува Есенската сесија на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ што се одржуваше во Скопје.
Потпретседателката на ПС на ОБСЕ Изабел Сантос истакна дека на миграцијата треба да се гледа со фокус на човековите права, а не, како што рече, само како безбедносно прашање.
- Да, постојат аспекти во однос на безбедноста и миграцијата, исто како што постојат економски аспекти, но како политички лидери кои помагаат да се формираат мислењата во нашите држави сметам дека наша одговорност е да ги нагласиме хуманитарните аспекти од миграцијата. Не смееме да си дозволиме да заборавиме дека илјадниците луѓе кои го прават болниот чекор да заминат од сопствениот дом и да најдат подобар живот се пред се луѓе како нас, рече Сантос
Додаде дека не треба да се игнорираат другите акспекти, но, како што рече, човековите права треба да бидат наш приоритет.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека проблемот со миграцијата не може да се гледа изолирано и оти високите ѕидови не го решаваат тој проблем.
- Минатогодишните случувања покажаа дека доколку нема заеднички синхронизиран пристап, како на оперативно, така и на нормативно ниво, тешкотиите и заканите ќе ги споделуваат како државите поединечно, така и несреќните луѓе принудени на мигрирање, рече министерот Спасовски.
Тој истакна дека Македонија, како една од земјите на мигрантската рута, и Министерството со кое раководи даваат поддршка на сите иницијативи предлози и проекти кои се во правец на подобрување на справувањето со миграцијата, но и на динамизирањето на мултилатералната соработка.
Притоа посочи на сето она што е направаено во државата за да се обезбеди поефикасно справување со овој проблем, но и постигнувањето на поголема соработка на земјите, нешто чија потреба, како што рече, произлегла од минатогодишниот миграциски бран.
Џанлука Роко, суберегионален коррдинатор од Западен Залкан во Меѓунаридната организација за миграција (ИОМ) смета дека покрај очигледната потреба за севкупна меѓуинституционална соработка, но и соработка на сите земји за поефиксно справување со проблемот, потребно е и да се понудат долгорочни решенија.
Притоа рече, потребно е да се обезбеди заштита на човековите права на мигрантите при нивното патување и да им се даде неопходната помош на ранливите групи.
- Миграцијата е суштинска особина на нашето време. Наместо да ја гледаме како проблем кој треба да се реши, на неа треба да се гледа како човечка реалност со која треба да се справиме. Потребно ни е колективно размислување и дејствување за да развиеме сеопфатен пристап за справување со миграцијата, рече тој.
Филипо Ломбарди, претседавач на Комитетот за миграции на ПС на ОБСЕсмета дека со овој проблем може да се справиме само со, ккао што потенцира, концепт на споделена обврска кој се обидуваме да го спроведеме.
- Заемна обврска на сите земји од ОБСЕ е да соработуваат заедно за стабилизација на ситуацијата и против дестабилизација во многу земји, а сите мировни процеси против конфликтите да функционираат. Наша работа е да ги поддржиме соседните земји и земјите на потекло на мигрантите, за тие да можат, кога ситуацијата ќе се стабилизира, полесно да се вратат во нивната земја на потекло. Но, во овој вид на поддршка има потреба од сериозна солидарност од сите земји, конечно тоа е заедничка обврска. Треба да ги направиме рутите побезбедно, но и интеграциските процеси поефикасни, рече тој.
Есенската сесија на ПС на ОБСЕ почна завчера со Медитаранскиот форум, а продолжи со парламентарната конференција на тема„Зајакнување на мерките за градење доверба и добро владеење во регионот на ОБСЕ“. Во рамки на конференцијата, покрај поселедната сесија на која ќе се обратат Спасовски и Ломбарди, се одржаа уште две на тема „Доброто бладеење како основа за поттикнување на економскиот развој во регионот на ОБСЕ“ и „Развој на демократските институции и човековите права во ЈИЕ: улогата на ОБСЕ“. Вчера попладне се одржа и седница на Постојаниот комитет по кој прием организираше претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Ново на Сител
-
Здравствените работници со препораки пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства
-
Тошковски ќе ги презентира резултатите од работата на МВР за изминатата година
-
Трамп го сака Гренланд и неговите 55.000 граѓани на ЕУ; Европската унија нема коментар
-
Аеродромите во руските градови Сочи и Казањ привремено затворени од безбедносни причини
-
Јужнокорејското разузнавање ја потврди информацијата за заробен ранет севернокорејски војник од страна на Украина
-
Променливо облачно и студено со сончеви периоди
-
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка, непрооден дел од патот кон ГП Голема Црцорија – Голеш
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад