Балкан
13. July 2015 - 13:14

Првпат: Лезбејки од Загреб посвоија дете

Две загребски лезбејки се првиот хомосексуален пар во Хрватска кој доби „партнерско старателство“ над дете.

Веста ја објави здружението Загреб Прајд на својата Фејсбук страница.

Идентитетот  на мајките и на детето не е објавен, но се знае дека тоа се две загрепчанки, кои година дена по регистрираното животно партнерство оствариле и право за заедничко старателство врз дете.

Потсетуваме дека хрватскиот закон пред една година овозможи законско остварување на право на животно партнество на лица од ист пол, како и право да поднесат барање за оставарување на право на заедничко старателстов над дете или деца.