Првото новороденче годинава во Делчево е машко

Првото новороденче годинава во Делчево е машко и е втора рожба во семејството на Маја и Атанаско Златковски. Новороденото и мајката се во добра здравствена состојба, истакна директорката на Здравствениот дом во Делчево, Тонкица Петровска.
- Синоќа нешто пред 22 часот во акушерското одделение се роди првото новородено годинава во Делчево. За разлика од претходните години кога првото новородено го добивавме во втората половина од јануари, оваа вест сите не израдува и очекуваме да имаме повеќе новороденчиња од претходните години, рече Петровска.
Таа истакна дека лани во родилиштето во Здравствениот дом се родиле само 16 новороденчиња, што е двојно помалку од раѓањата во 2016 година, но делчевски новороденчиња се раѓаат и во болниците во Штип и Скопје.
Според статистичките податоци, во последните години во Делчево годишно има околу 120 новороденчиња.
Ново на Сител
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
