Првото бебе родено во 2022 во Прилеп е женско, од градот доби подароци
Првото новородено бебе во Новата 2022 година во Прилеп е женско дете, второ на среќната мајка Ивона Смилеска. Првото бебе се роди речиси еден час по полноќ на Одделението за гинекологија и акушерство при прилепската Општа болница со проширена надлежност.
– Многу сум среќна и благодарна од тимот на целата болница, посебно од докторката Изабела, пресреќна сум што на ваков ден добив втора ќеркичка, рече мајката Ивона.
Неонатологот Лилјана Христоска нагласи дека детето е здраво и во општа добра состојба.
– Првороденото бебе женско е здраво, 3 килограми тешко и 47 сантиметри долго. Се наоѓа во општа добра состојба. изјави Христоска.
Доктор Изабела Чочева-Талеска, гинеколог, честитајќи новогодишните празници истакна дека во Новата година на свет донесле живи и здрави две женски деца а третото било на пат.
Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески ги посети мајката и бебето и им посака здравје во Новата Година. Од името на Ппштина Прилеп им подари штедна книшка со 15.000 денари и други пригодни подароци за бебето.
Ново на Сител
-
Решението за глувците во училиштето во Бутел е дератизација, вели министерката Јаневска
-
Вандализирана градинка во Бутел
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Скроена новата потрошувачка кошничка
-
Министерот за европски прашања на Унгарија во посета на Македонија
-
Јаневска: Директорот да изврши дератизација
-
20 тина спасители на планина во Охрид
-
Преглед на вестите од светот