Македонија
31. March 2023 - 16:31

Првоаприслките шеги подранија - Децата во градинка и училиште под маски

Супер херои, самовили, пчелички, војници, со разни костуми учениците ја изразија својата фантазија на дефиле под маски. Денот на шегата 1ви април беше одбележан со приредби во училишните дворови, со песни и настапи на учениците од 1 до 9то одделение.

1ви април е радосен ден за најмладите кои смислуваат разни шеги и лаги, но најмногу од се’ се радуваат на маските.

Маскенбалот е предизвик и за наставниците кои подготувуваат приредби со своите ученици. По неколку години пандемија, овој први април без рестрикции се одржува дефиле под маски.

Денот на шегата е интернаицонален празник, се слави секаде низ светот и е популарен кај децата но и кај возрасните.