Прво место за македонските готвачи на „Гулашијада-Тропоње“
Здружението на готвачи „Гастро Мак“ освои прво место на меѓународниот гастрономски натпревар во подготовка на гулаш „Гулашијада-Тропоње“, што од 5 до 7 август се одржа во општина Свилањац, Србија.
На Гулашијадата учествуваа 20 екипи од повеќе држави, Италија, Швајцарија, Шведска, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Унгарија, Македонија и домаќинот Србија. Македонските готвачи освоија прво место во силна конкуренција составена од професионални готвачи во многу познати национални ресторани, универзитетски екипи од професори и студенти по гастрономија, здруженија на ловџии, здруженија на риболовци, дрводелци, здруженија на жени што гулашот го подготвуваат за семејни прослави и млади готвачи што веќе сериозно го совладале начинот на подготвување храна во казан на огревно дрво за повеќе порции.
Како награда тимот на „Гастро Мак“ доби пехар за првото место, медали за учесниците и подарок котле за подготвување на јадењата на традиционален начин.
Екипата на „Гастро Мак“ ја сочинуваа Никола Мишковски, капитен на тимот и готвачите Бобан Симоновски, Зоран Мајновски и Бобан Билбиловски.
Претседателката на „Гастро Мак“ Адријана Алачки беше дел од петчленото интернационалното жири, покрај судиите од Италија, Шведска, Црна Гора и Србија.
Здружението „Гастро Мак“ информира дека во Србија го промовирале квалитетот на македонската гастрономија и го најавија Првиот меѓународен гастрономски натпревар, што од 17 до 19 октомври ќе го организираат во Скопје.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико