Македонија
16. May 2018 - 16:18

Прво лидерско соочување по 16 години - Заев ја прифати ,,фрлената ракавица‘‘ од Мицковски за ТВ дуел

Премиерот Заев ја прифати поканата на опозицискиот лидер Мицкоски за ТВ дуел. Информацијата утрово ја потврди владиниот портпарол, додавајќи дека отвореноста била еден од основните принципи според кои работи премиерот.

Се уште не се знае ниту терминот ниту пак телевизијата пред чии камери двајцата партиски лидери ќе ги вкрстат аргументите откако вчера по седницата на Централниот комитет на партијата Мицкоски го повика Заев наместо во владиниот кабинет, да одржат тета а тет средба во телевизиско студио

Мицкоски најави и дека на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протести пред Владата коментирајќи дека е време народот до го крене својот глас против како што вели погубното владеење на оваа власт.