Loading Video...
Свет
6. April 2021 - 12:29

Првите луѓе на ЕУ денеска на средба со претседателот на Турција

Првите луѓе на ЕУ денеска на средба со претседателот на Турција. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на претседателот Тајип Ердоган ќе му ги претстават условите на ЕУ за постепено обновување на економските односи и ќе разговараат за поддршката за бегалците.

ЕУ најави модернизација на царинската унија, продолжување на дијалогот на високо ниво и преговори за олеснување на визниот режим за турските граѓани. Доколку нема напредок, првите луѓе на ЕУ најавија и санкции за туристичкиот сектор во Турција. Претходно Ердоган ги критикуваше заклучоците од самитот на ЕУ, истовремено ветувајќи дека ќе одговори со позитивни чекори на евентуалниот гест на Унијата.